10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesla Motors најиновативна светска компанија според Forbes

Tesla Motors најиновативна светска компанија според Forbes

tesla fakototo

Најиновативната компанија на светот во оваа година, според списанието Forbes, е американскиот производител на луксузни електрични автомобили, Tesla Motors.

Forbes ги рангира компаниите според нивната иновативна премија-разликата помеѓу нивната пазарна капитализација и чистиот сегашен тек на готовината од постојното работење. За да бидат сврстени на листата, компаниите мора барем седум години јавно да имаат објавени финансиски извештаи и да имаат пазарна капитализација од најмалку 10 милијарди долари.

На прво место на оваа листа се најде Tesla Motors, која ова година би можела да оствари 5,5 милијарди долари бруто приходи, што би било 54 отсто повеќе во однос на лани. Од 2010 година, кога акциите на компанијата беа сврстени на Волстртит, нивната цена е зголемена за 15 пати, со што пазарната капитализација достигна 33 милијарди долари.

На второ место на листата најиновативни компании се наоѓа Salesforce, американската компанија која се бави со клауд компјутинг.

Следат две фармацевтски компании Alexion и Regeneron Pharmaceutical, а меѓу првите 10 најиновативни се најдоа уште две фармацевтски компании INCYTE Corp (7 место) и Biomarin Pharmaceutical (10).

На петто место се најде ARM Holdings, британска технолошка компанија, а шеста е Unilever Indonesia.

На осмо место се најде американскиот интернет гигант Amazon, додека на деветто место е производителот на спортска опрема Under Armour.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП