3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРастот на продажбата на смартфони најслаб од 2013-та година

Растот на продажбата на смартфони најслаб од 2013-та година

smartfoni pazar999

Во вториот квартал од годината растот на продажбата на паметни телефони е забавен за 13,5% на годишна основа, што е најниска вредност од 2013-та година па наваму, посочија податоците на консултантската компанија „Gartner“.

Продажбата во Кина бележи намалување од 4%, а тоа е уште еден доказ дека пазарот на паметни уреди во втората најголема светска економија го достигна својот момент на заситеност. И покрај забавувањето во Кина биле продадени 30% од смартфоните на глобално ниво или 330 милиони уреди, што го прави пазарот исклучително важен, особено за производителите на смартфони од висока класа, како „Apple“.

Трите кинески производители – „Huawei“, „Lenovo“ и „Xiaomi“, спаѓаат во листата на најголемите светски производители. Продажбата на „Huawei“ се зголемија за 46% на годишна основа и дава удел на компанијата од 7,8% во однос на 6,1% од пред една година. Растот на продажбата на компанијата е како резултат на одличната продажба на меѓународните пазари. „Lenovo“ останува на четвртата позиција, и покрај падот во продажбата на компанијата од 14% во вториот квартал, што иницира намалување на нејзиниот удел до 5% кон крајот на вториот квартал во однос на 6,6% од 2014-та. „Xiaomi“ забележа раст на продажбата од 28%, со што го зголеми пазарниот удел до 4.9%. Деновиве компанијата може да се претвори во четвртиот најголем светски производител, претекнувајќи го „Lenovo“.

„Samsung“ останува најголем светски производител на паметни телефони со пазарен удел од 21,9%, или за околу 5% помалку во споредба од пред една година. Во спротивно продажбата на „Apple“ се зголеми за 36% во вториот квартал од годината, па така компанијата сега има пазарен удел од 14.6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП