13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИValeant за милијарда долари го купува производителот на „женска вијагра“ ?

Valeant за милијарда долари го купува производителот на „женска вијагра“ ?

valeant 300303

Канадската фармацевтска компанија Valeant е близу до склопување на договор за купување на Sprout Pharmaceuticals, компанија која доби одобрување за продажна на првиот лек за зголемување на женското либидо и тоа за една милијарда долари, извести Wall Street Journal (WSJ).

Valeant би требало веднаш да плати 500 милиони долари во готовина, а втората транша на договорена цена би требало да ја исплати наредната година. Розевото апче на пазарот ќе се продава под името Addyi.

Портпаролката на Valeant рече дека компанијата не коментира шпекулации или гласини, а претставниците на Sprout не одговорија на прашањето на Reuters.

Американската агенција за лекови и храна (FDA) во вторникот вечерта ја одобри продажбата на лекот за жени, откако претходно во два наврати одби да даде одобрение поради загриженоста дека не пружа доволно корист во однос на ризиците. Потоа се најде под притисок на лобистичките групи, кои тврдат дека не е чесно на жените да не им биде овозможен пристап до ваков вид на терапија.

Valeant, со седиште во Монтреал, е најголема канадска фармацевтска компанија, а меѓу најпродаваните лекови и се лекот за срце Isuprel и антидепресивот Wellbutrin. Веќе презеде неколку аквизиции, зголемувајќи си вкупните приходи во 2014-та година над 8 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП