27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Емиратите ќе се пие македонско вино и ракија

Во Емиратите ќе се пие македонско вино и ракија

vinari eueu

Најпопуларните алкохолни пијалоци на винариите „Тиквеш“, „Камник“ и „Стоби“ од денес за првпат ќе се пласираат на пазарот во Обединетите Арапски Емирати.

„Доброто расположение на сите граѓани од Балканот кои живеат и работат во пустинските земји отсега ќе биде подигнато со жолта, мелот, вранец, темјаника и многу други видови на вина“, соопштуваат од „ЕуроБалкан“, единствената продавница која пласира прехрамбени производи од нашите простори на територија на Емиратите.

„Ова е првпат домашни алкохолни пијалоци да се најдат на продажба не само во Емиратите, туку и на целиот Близок Исток. Направивме увоз на прехрамбени производи од балканските краеви бидејки свативме дека луѓето кога се враќаат во Емиратите од своите матични земји, добар дел од нивните куфери ги полнат со храна. Кога ги обезбедивме прехрамбените производи во нашите продажни места, просечниот Балканец ја искористи таа празнина во куферот да ја пополни со домашни алкохолни пијалоци како што се ракијата и виното. Затоа, логично беше следниот наш чекор да биде увоз на овие производи, за повторно да им обезбедиме празно место во куферот за други работи“ – вели Мирко Димковски од „ЕуроБалкан“ и додава дека освен во продавниците за алкохолни пијалоци, наскоро домашните вина ќе се најдат во познатите хотели и ресторани ширум Емиратите.

Освен Македонски, во Емиратите се пласираа и ракии и вина од Србија и од Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП