22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-AMG C63 Coupe се појави на сцената (фото)

Mercedes-AMG C63 Coupe се појави на сцената (фото)

c 6 class

„Mercedes-AMG“ официјално ја покажа најспортската модификација на новата генерација „C-Class – AMG C63“. Моделот ќе се нуди во две верзии и ќе има премиера пред публика за време на автосаемот во Франкфурт.

c 6 class1

Оваа верзија на „Mercedes-AMG C63 Coupe“ развива 476 КС и 650 Нм кои се обезбедени од 4,0-литарскиот „V8“ мотор со би-турбо. Агрегатот е поврзан со автоматска трансмисија со две спојки „AMG SPEEDSHIFT MCT“ и е способен на спринт од место до 100 км/час за 4,0 сек. Максималната брзина е ограничена електронски на 250 км/час, но при нарачка на пакет „AMG Driver’s Package“ таа може да достигне 290 km/h.

c 6 class66

Најмоќната верзија го носи името „C63 S Coupe“, која е управувана од истиот 4,0-литарски V8 мотор со би-турбо. Тој сепак е оптимизиран да испорачува 510 КС и 700 Нм. Тука забрзувањето 0-100 км/час трае 3,9 секунди, а максималната брзина е 250 км/час кај стандардниот модел и 290 км/час кај верзијата со „AMG Driver’s Package“.

c 6 class3

Еден од главните конкуренти на „Mercedes-AMG C63 Coupe“ – моделот „BMW M4“, нуди поумерени индикатори. Тој е управуван од 3,0-литарски V6 мотор кој развива 431 КС. Сепак забрзувањето од место до 100 км/час е речиси 4,1 секунди кај моделот на „BMW“.

c 6 class4

Што се однесува до дизајнот на новиот „Mercedes“, тој е со уникатна решетка, алуминиумска хауба, спортски преден браник, бандажи „AMG“, странични прагови, едноставни спојлери и заден браник со интегриран дифузор, во кој се наоѓаат четирите цевки на издувниот систем.

Внатрешноста на „Mercedes-AMG C63 Coupe“ е изработена во ист стил кој располага со спортски волан со рамно дно, карбонски и алуминиумски елементи, спортски седишта и уникатна опрема.

c 6 class5

„Mercedes-AMG C63 Coupe“ ќе се појави пред публика во средината на месец септември за време на саемот во Франкфурт. Продажбата на моделот ќе стартуваат најнапред во Германија – во март 2016-та година, а претстои да бидат обајвени цените на овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП