19 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗAudi RS1 сепак ќе го има

Audi RS1 сепак ќе го има

rs1 00

На крајот на минатата година техничкиот директор на единицата „quattro GmbH“ на „Audi“ – Штефан Рајли, вели дека појавата на хечбекот „RS1“ е речиси неверојатна и не е на дневен ред во плановите на брендот. Работите сепак очигледно претрпеле пресврт и таков автомобил ќе се појави во производство, објави „Motoring“.

Весникот го цитира шефот на австралиската поделба на „Audi“ – Ендрју Дојл, според кого, проектот веќе е реалност и врз него се работи. Според зборовите на топ менаџерот во Австралија има сериозен интерес за таков автомобил, па неговата појава е прашање на време.

„Секогаш сме отворени кон сите слични варијанти. Не можам да кажам кога ќе се појави слична машина на пазарот, но сметам дека нејзините шанси да успее, се целосно реални. Особено во Австралија“, беше коментарот на Дојл.

Според информациите на „Motoring“, хечбекот најверојатно ќе стане дел од палетата на новото „Audi A1“ што треба да излезе на пазарите во 2018-та година, а овој модел ќе добие 2.0-литарски мотор понуден во верзиите „S1“ и „S1 Sportback“, но со зголемена моќност од 231 КС до над 300 КС.

Се очекува идното „Audi RS1“ да стане најбрзиот субкомпактен автомобил на планетата. Забрзувањето ќе трае околу 5 секунди, а возилото ќе располага и со систем за погон на сите четири тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП