22 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle се шири и во сегментот мрежно поврзување на апарати за домаќинство

Google се шири и во сегментот мрежно поврзување на апарати за домаќинство

google spanija

Американскиот софтверски гигант Google го прошири работењето во сегментот вмрежување на „паметни“ апарати во домаќинството, најавувајќи ја соработката со производителот на мрежна опрема TP-LINK на производство на уреди за безжичен пристап до интернет.

Пред неколку дена Google од корени го престрои своето работење, одвојувајќи ги основните активности со огласување на интернет од новите проекти како што е производството на автоматско управување и паметни уреди во домаќинството, како што е системот за регулација на температурата.

Минатата година за 3,2 милијарди долари го купи производителот на „паметни“ термостати Nest со цел да биде предводник во сегментот вмрежување на домашни апарати и нивно поврзување со мрежите за дистрибуција на електричната енергија.

Google во средата претстави брз рутер за безжичен пристап до интернет кој на корисниците би требало да им овозможи само да ја одредат брзината на одделен „паметен“ апарат за домаќинство. Него ќе го произведува TP-LINK, а како можен втор партнер наведен е и ASUS.

Според јунските проценки на советодавната компанија International Data Corp, вредноста на светскиот пазар на опрема за мрежно поврзување на апарати за домаќинство со интернет би требало до 2020 година речиси двојно да се зголеми на 1.700 милијарди долари.

Технолошките компании како Intel, Cisco Systems и Samsung Electronics и на технолошките гиганти Vodafone и Verizon веќе објавија дека домаќинствата кои имаат уреди приклучени на интернет се значителен генератор на идни приходи.

Google пак има намера да го прошири својот пристап до интернет и преку проектот Loon, со кој ќе испраќа балони 20 километри над површината на Земјата за да обезбеди приклучок и за руралните и непристапните региони, напоменува Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП