20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFiat ќе ја дели својата палета на две

Fiat ќе ја дели својата палета на две

delba fiat

„Fiat“ започнува со реализирање на нова стратегија за поефикасно спроведување на европскиот пазар, објави „Autocar“. Италијанците сметаат да ја поделат палетата на две – едната ќе нуди „емоционални“ модели, а другата – „функционални“.

Како дел од стратегијата „Fiat“, започна преорганизирање на дилерските центри на „Стариот континент“. Во нив „имиџ“ моделите ќе бидат одвоени од „буџетските“ што ќе треба дополнително да им олесни на идните клиенти на брендот.

Во „емоционалната“ категорија ќе бидат вклучени новиот „124 Spider“, кој е изграден врз основа на „Mazda MX-5“, како и целото семејство „Fiat 500“, вклучувајќи ги хечбекот, миниванот и кросоверот.

Кај „функционалните“ модели ќе се нудат наследникот на „Panda“, како и новата „Aegea“ која ќе биде прикажана на саемот во Женева во 2016-та. Таа ќе се произведува како седан, хечбек и караван.

Поделбата ќе влијае и на опремата на возилата. „Буџетските“ ќе нудат материјали од понизок квалитет, додека „имиџ“ моделите ќе располагаат со повеќе модерна и соодветно скапа опрема. Цените на автомобилите ќе бидат фиксни, што треба максимално да ја олесни нивната онлајн продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП