22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИЗапочнува третиот Garage Sale во Рамстор, попусти до 70 проценти

Започнува третиот Garage Sale во Рамстор, попусти до 70 проценти

ramstore garage

Веќе трета година по ред трговскиот центар Рамстор ја организира кампањата позната под името Garage Sale, која ќе започне на 20-ти август и ќе трае до 27-ми август.

Пазарување по неверојатно ниски цени, многу забава и пријатна атмосфера се причините поради кои трговскиот центар ќе биде вашата омилена дестинација во текот на целата недела. Сите посетители и љубители на пазарувањето ќе имаат можност да си ги набават сите омилени парчиња гардероба, чевли, накит на попуст дури до 70 проценти.

Покрај тоа, трговскиот центар обезбеди и голем број забавни активности кои ќе го направат купувањето уште попријатно. Kaко и досега, во кампањата ќе учествува и маркетот лоциран во трговскиот центар, кој за сите потрошувачи предвиде големи акции и намалувања на голем број од своите производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП