19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLenovo ќе претстави смартфон со две предни камери?

Lenovo ќе претстави смартфон со две предни камери?

dve kameri lenovo22

На интернет се појавија шпекулации дека кинескиот производител на смартфони „Lenovo“ ќе го претстави првиот смартфон во светот со две предни камери наменети за подобри „селфи“ фотографии.

Моделот се очекува да се нарекува „Vibe S1“. И иако од компанијата се уште официјално не го потврдија тоа, Комисијата за одобрување на електронските кориснички уреди во Кина открива голем дел од карактеристиките на новиот уред.

Двете предни камери на смартфонот се по образец на двете задни камери на „HTC“, а со нив ќе се овозможи поголема длабочина и обработка на „селфи“ фотографиите, откако ќе бидат направени.

Во однос на останатите карактеристики, „Lenovo Vibe S1“ ќе се одликува со 13 мегапикселна задна камера со „LED“ блиц, 5-инчен дисплеј со резолуција од 1.080 пиксели, 2 GB RAM меморија и 16 гигабајти внатрешна. Процесорот е осумјадрен „Snapdragon 615“, а оперативниот систем е „Android Lollipop“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП