27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелата куќа го вработи првото трансполово лице

Белата куќа го вработи првото трансполово лице

white

Белата куќа го вработи првото трансполово лице, објавија во вторникот американски функционери, што е нов чекор во јавната поддршка на претседателот Барак Обама за правата на лезбијките, хомосексуалците, бисексуалците и трансполовите лица.

Рафи Фридман-Гарспан, трансполовата жена која работела како политичка советничка во Националниот центар за транссексуалната рамноправност, ќе работи како директорка за вработување во Бирото за претседателскиот персонал.

„Рафи Фридман-Гарспан докажува какво водство оваа администрација поддржува.

Нејзината доследност на подобрувањето на животот на трансполовите Американци, особено обоените и сиромашните, ја одразува вредноста на оваа администрација“, изјави Валери Џерет, советничка на претседателот Барак Обама.

Истовремено Белата куќа го поздрави преиспитувањето од страна на министерството за одбрана на својата политика на трансполовите лица да не им дозволува отслужување на воениот рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП