22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија ќе учествува и во третиот пакет помош за Грција

Шпанија ќе учествува и во третиот пакет помош за Грција

spain

Шпанскиот парламент го одобри во вторникот вечерта учеството на земјата во новиот трет европски пакет финансиска помош за Грција во кој Шпанија ќе учествува со 10 од вкупно 86 милијарди евра.

Владата на десниот центар на премиерот Маријано Рахој не мораше да бара одобрување од парламентот, меѓутоа инсистираше на изјаснување за во пресрет на изборите кон крајот на годинава да ја покаже цврстата поддршка во водењето на политики што ги спроведува во соработка со Европската унија.

За новото кредитирање на Грција гласаа 297 пратеници, а против беа 20 пратеници од левицата. Шпанскиот министер за економија, Лиус де Гуиндос, истакна дека реформите не може да се одбегнуваат.

„Алармите на популизмот завршуваат во создавањето илузии. Неодговорните политики имаат цена“, им порача де Гуиндос на пратениците пред гласањето.

Учеството на Шпанија во износ од 10,15 милијарди евра министерот ги нарече „значајни“. Грција врз основа на претходните финансиски аранжмани со меѓународните доверители веќе му должи на Мадрид 26 милијарди евра.

Иниго Ерехон, еден од лидерите на Подемос, партијата од крајната левица која е многу блиска со грчката владејачка коалиција на радикалната левица Сириза и со нејзиниот премиер Алексис Ципрас, исто така, се противи на мерките за штедење, изјави дека дебатата за Грција ѝ служи на конзервативната шпанска влада како пропаганда.

Шпанија излезе од петгодишната рецесија, а владата во Мадрид за 2015 година очекува 3,3-процентен економски раст, двојно поголем од просекот во земјите од еврозоната.

За следната година најавува раст од 3 отсто. Меѓутоа, стапката на невработеност изнесува 22,4 отсто, и по онаа на Грција е втората по големина во целата Европска унија.

Министрите за финансии на земјите од еврозоната минатиот петок дадоа одобрување за новиот трет пакет помош за Грција, кој го спречува нејзиното банкротирање и излегување од монетарната унија, но ја обврза Атина на дополнителни тешки мерки за штедење.

Финска, една од најжестоките противници за повторното додавање пари на Грција, уште во четвртокот го одобри пакетот, а германскиот Бундестаг ќе гласа во среда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП