20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на квалитетот на животот во европските градови, Мелбурн повторно на чело

Пад на квалитетот на животот во европските градови, Мелбурн повторно на чело

mel

Квалитетот на живеењето опаѓа во европските градови, поради војните, мерките за штедења и терористичките напади, се наведува во годишниот извештај кој во вторникот го објави британската агенција The Economist Intelligence Unit (EIU), заедно со листата за 140 градови во светот.

„Заканите по личната безбедност, како криминалот, безредијата и судирите, лошо влијаат врз другите аспекти на квалитетот на живеењето“, оценува Џон Копстејк, еден од учесниците во истражувањето, истакнувајќи ги војната во Украина, терористичките напади во Париз и острите мерки за штедење во Грција и другите земји од еврозоната.

Така, украинската престолнина Киев доживеа и најголем пад во ова рангирање во однос на минатата 2014 година и се најде на 132-то место, меѓу десетте градови во светот во коишто живото е најмалку пријатен. Иако, Киев е релативно далеку од зоната на конфликтот на украинскиот исток, во превид се земени последиците од минатогодишните безредија и годинешниве повремени протести и лошата економска состојба во земјата.

Главниот град на Франција, пак, падна од 20-то на 29-то местo, откако Париз во првата седмица од годинава беше сцената на смртоносните исламистички напади во редакцијата на сатиричното списание Charlie Hebdo и во продавница за еврејска кошер храна. Француската престолнина, исто така, живее со постојани закани од можни терористички напади.

Петта година по ред на првото место со најблагопријатен живот е австралиската метропола Мелбурн. Втора, за разлика од другите европски престолнини, е австриската Виена, а на третото место е канадски Ванкувер.

„Најдобрите услови најчесто ги нудат градовите со средна големина во побогатите земји со мала густина на населеност“, се истакнува во споменатиот извештај.

Во оценувањето на квалитетот на живеењето истражувачите се воделе од неколку аспекти, како општествената и политичката стабилност, стапката на криминалот, достапноста на квалитетни медицински услуги, културното живеење, околината, образованието и инфраструктурата.

Така, „Њујорк (55-то место), Лондон (53), Париз (29) и Токио (15-то место), се влијателни метрополи со мноштво забавни содржини, но и со зголемена стапка на криминал, гужви и проблеми во јавниот сообраќај“, истакнуваат од ЕIU.

На самото дно од листата е Дамаск, некогаш многу посетуваната престолнина Сирија, во којашто повеќе од четири години беснее војна.

„Судирите се причината што голем број градови се најдоа на дното од оваа листа“, се наведува во извештајот во која главните градови на Либија и Нигерија, земјите кои исто така со години наназад се дестабилизирани од исламистичките вооружени групации, Триполи односно Абуџа се на 136-то и 137-то место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП