28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСметката на Макпетрол ќе се одблокира, но ќе се следат трансакциите

Сметката на Макпетрол ќе се одблокира, но ќе се следат трансакциите

obvinitelstvo 222

Основното јавно обвинителство му предложи на судот да ја уважи жалбата на Макпетрол АД и ОИЛКО КДА против донесеното решение за привремено запирање на извршување определени финансиски трансакции.

Истовремено обвинителство достави предлог до судот за следење на платниот промет и трансакциите на двете наведени компании.

„Основното јавно обвинителство – Скопје постапувајќи по допрен глас (информации објавени во медиумите) во текот на вчерашниот ден прибави дополнителни докази од Макпетрол АД – Скопје, од кои се утврди потребата од ослободување на сметките на друштвото со цел овозможување непречена работа, како на Макпетрол АД Скопје во рамките на исполнување на веќе преземените обврски за снабдување со енергенси на други субјекти, така и со цел овозможување на работата на трети правни лица во кои Макпетрол АД Скопје се јавува како единствен содружник и извор на финансиски средства за нивното работење“, соопшти обвинителството.

Доколку Основниот суд Скопје 1 го прифати овој предлог и ја уважи жалбата, Макпетрол ќе може слободно да набавува деривати и да ги испорачува до своите клиенти, со што би се отстранила заканата од реални проблеми во енергетскиот сектор.

Сметката на Макпетрол беше блокирана, откако обвинителство по поднесената кривична пријава против раководни лица од Макпетрол АД побара запирање на извршување определени финансиски трансакции, што беше усвоено од судијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП