28 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовата верзија на Android 6 ќе се нарекува Marshmallow

Новата верзија на Android 6 ќе се нарекува Marshmallow

m achmellow

Познатат до моментов како „Android M“, или шестата верзија на најпопуларниот оперативен систем за паметни телефони во светот на „Google“, ќе го носи името „Android Marshmallow“, кога ќе се појави на пазарот наесен.

Заедно со обелоденувањето на името, од „Google“ исто така ја пуштија третата и последна надградба за тестирање на „Marshmallow“ што веќе е достапна за корисниците на уредите „Nexus“.

Главно во новата верзија „Android Marshmallow“ е поедноставениот модел за дозвола на пристапот до информации на апликациите. Други иновации за новата платформа се исплата на „Google“ – „Android Pay“, одржувањето на „USB Type-C“ порта и некои подобрувања на визијата на стариот оперативен систем. Новиот оперативен систем ќе е природно продолжение на „Android 5.0 Lollipop“, кој донесе значителни промени во корисничкиот интерфејс на уредите.

Во „Android Marshmallow“ програмерите на „Google“ се фокусирале на оптимизација на продуктивноста и работата со оперативната меморија, а се потрудиле исто да ја подобрат потрошувачката во режим на чекање и при оптоварување.

Според многу експерти новиот оперативен систем ќе биде во новиот смартфон на „Google“ – „Nexus 5“, кој се очекува да се произведува од две компании – кинеската „Huawei“ и јужнокорејската „LG“. И двата смартфони се очекува да имаат фабрички скенери за отпечатоци, а актуелниот „Android“ ќе овозможува скенерот да биде искористен за пристап до апликациите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП