Денес најголемиот европски производител на спортски опрема – „Adidas“, го слави својот 67-ми роденден.
Еве некои интересни факти поврзани со компанијата.
1. Компанијата е основана од Адолф Даслер во 1948-ма година. Иако потекнува од името на основачот, името на компанијата е акроним – „All Day I Dream about Sport“ (ADIDAS).
2. Марката „Adidas“ станува светски бренд со победата на германскиот тим на светското фудбалско првенство во Берн во 1954-та година. Фудбалерите користат чевли на Даслер, чии копчиња можеше да се заменат. Тоа беше револуционерно за овие времиња.
3. „Adidas“ е ориентирана кон иновации, а е прва во развојот на многу нови иновативни производи и услуги. Ади Даслер за првпат е напишан во промоциите на спортски производи, откако ги претставил првите шила за тркачи уште во 1925-та година.
4. Германскиот производител на спортски опрема е еден од најпрепознатливите брендови во светот. Ова, во комбинација со 2.400-те продавници на компанијата во целиот свет, дава оценка на брендот од над 3 милијарди долари. Пазарната капитализација на компанијата е 13.66 милијарди долари, или над седум пати помала во споредба со онаа на најголемиот светски производител на спортски стока – „Nike“. Во исто време приходите на „Adidas“, во износ од 14,5 милијарди долари за изминатата година, беа само половина на оние на „Nike“ во износ од 30,6 милијарди долари.
5. Во борбата со „Nike“, германскиот производител на спортска опрема ја купува во 2006-та година американската компанија „Reebok“ во договор во вредност од 3,8 милијарди долари. Според многу професионалци цената била превисока поради тешкотиите со кои во тој момент се соочувал американскиот производител.
6. Во оваа година компанијата склучи рекламен договор со младиот кошаркар Џејмс Харден во вредност од 200 милиони долари за следните 13 години. Во 2012-та година од компанијата го продолжија договорот за 14 години со бекот на Чикаго Булс, Дерек Роуз за вкупно 260 милиони долари. Рекордните договори се цел за заземањето на нови позиции на американскиот пазар, каде европската компанија е релативно слабо популарна и целосно во сенка на својот главен конкурент.
7. Во 80-тите години „Adidas“ ја направи една од најголемите грешки во историјата, откако не постигна договор со Мајкл Џордан, бидејќи сметале дека симпатизерите ќе направат избор на повисок играч. Од ова најголема корист имаше „Nike“. Триесет години подоцна патиките со брендот Џордан се уште и носат рекордни приходи на американската компанија – дури десет години откако кошаркарот повеќе не игра.
8. Компанијата околу 97% од производството на производи го има во други држави, лоцирани главно во Азија. Околу 35% од нејзините производи се произведуваат во Кина.