23 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКои карактеристики најмногу ги ценат корисниците кај смартфоните?

Кои карактеристики најмногу ги ценат корисниците кај смартфоните?

smartphone_23041

Заоблените дисплеи и другите модерни функционалности на смартфоните се помалку важни за корисниците од основните карактеристики, како времетраењето на батеријата и удобното користење на уредот, покажува новото истражување.

Производителите на паметни телефони можат и да додадат нови функционалности во нивните производи со цел да се издвојуваат од нивните конкуренти, но тоа особено не ги импресионира корисниците.

Подолг живот на батеријата, поедноставен интерфејс и лесно користење на смартфонот се главните карактеристики кои корисниците ги бараат, според истражувањето на „uSwitch“.

Истражувањето, направено меѓу 5.306 корисници на смартфони, покажува дека 28% ценат најмногу смартфонот да им е лесен за користење, проследено со 21% од нив кои како прво го посочуваат животот на батеријата. Дури 49% од корисниците сметаат дека камерата со оптички зум е додаток кој вреди.

Само 11% од корисниците сметаат дека се корисни „3D“-дисплеите кои ги има кај некои уреди, како на пример смартфонот на „Amazon – Fire Phone“, додека на 8% им се допаѓаат специјалните надворешни дизајни, како на пример кожната футрола на моделот „LG G4“.

Само 4% од корисниците се импресионирани од заоблениот дисплеј на моделот „Samsung Galaxy S6 Edge“. Флексибилните дисплеи, слични на оние на моделите „LG G Flex“ и „G Flex 2“, се сметаат за предност кај само 8% од корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП