20 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНајдобрите смартфони во Европа

Најдобрите смартфони во Европа

sm ep

Годишните награди на „EISA“ (European Imaging and Sound Association) ги определија најдобрите смартфони во Европа врз основа на различни критериуми.

sm ep1

Наградата за најдобар паметен телефон за корисниците беше доделена на моделот „Huawei P8“. Тој се одликува со 5.2 инчен дисплеј со резолуција од 1.080 x 1.920 пиксели, а е достапен во четири бои – црна, златна, сива и шампањ. Смартфонот се напојува од процесорот на кинеската компанија „HiSilicon Kirin 930/935“ и располага со завидна 3 GB RAM меморија. Оперативниот систем му е „Emotion UI 3.1“ кој е базиран на„ Android 5.0 Lollipop“. Уредот е достапен во две верзии – со 16 и 64 GB внатрешна меморија, како и 13-мегапикселна задна камера. Предната камера е со резолуција од 8 мегапиксели, а батеријата е со капацитет од 2.680 mAh.

sm ep2

Наградата за најдобар паметен телефон од највисока класа е доделена на моделот „Samsung Galaxy S6 Edge“, додека најдобар медиумски смартфон е моделот на „Sony – Xperia Z3 +“.

sm ep3

Наградата за паметен телефон со најдобра камера е доделена на „LG G4“.

sm ep4

За најдобро пренослив уред е доделен на паметниот часовникот на „LG – Watch Urbane“.

sm ep5

Титулата најдобар таблет во Европа е доделена на „Lenovo Yoga Tablet 2 Pro“.

sm ep6

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП