20 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИAirbus се пофали со рекордна нарачка од Индија

Airbus се пофали со рекордна нарачка од Индија

airbus neo 222000

Европскиот производител на авиони „Airbus“ објави дека индискиот превозник „IndiGo“ ја потврдил нарачката за рекордни 250 авиони од новата генерација „A320neo“.

За европскиот производител на авиони тоа е најголем договор во историјата според бројот на нарачани авиони, а вреден е 24 милијарди евра по каталошките цени.

Со ова е потврден меморандумот кој двете компании го потпишаа во октомври минатата година.

Флотата на дисконтниот индиски превозник по вклучувањето на новите авиони ќе брои вкупно 530 модели од среден долет „A320“ и „A320neo“.

Како и во многу други азиски држави, и индискиот пазар на воздушен патнички промет драстично расте, а овој тренд веројатно ќе продолжи со оглед на засилената потрошувачка на брзорастечката средна класа и на процутот на туризмот во регионот.

Во цела Азија расте побарувачката за помали патнички авиони со оглед дека дисконтните превозници ја шират мрежата со дестинации и врз помалите градови, напоменува AFP.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП