Раководството на „Cadillac“ побара да добие целосна независност од концернот „General Motors“, чија сопственост е американската марка. Пред новинарите во Њујорк, претседателот на компанијата Јохан де Нејсен изјави дека се надева дека во 2017-та година брендот ќе добие целосна автономија, објави „Automotive News“.
Според шефот на „Cadillac“ ова ќе и овозможи на неговата компанија да има самостоен бизнис план и сама да се справи со своите загуби или добивки. Де Нејсен кој до минатата година беше на чело на „Infiniti“, започна да ја усвојува оваа своја идеја уште од самото назначување за претседател на американскиот производител.
Топ менаџерот смета дека до 2020-та година „Cadillac“ може да ја зголеми продажбата до 500.000 единици годишно и така да постигне удел од 5% од светскиот пазар на автомобили од класата „премиум“. За споредба, во 2014-та година компанијата успеа да продаде 263.697 нови возила во целиот свет, што е удел од 3,4%.
Одлуката за постигнување на автономија од страна на „Cadillac“ сепак нема како да биде донесено без одобрение на раководството на „General Motors“. Се тврди дека шефовите на концернот имаат тенденција да ја поддржат ваквата идеја и од таа причина веќе почнува реорганизација на компанијата.
Прв чекор е одделувањето на раководството на „Cadillac“ во нов штаб во Њујорк. Почнува и одделувањето на продажната мрежа на брендот од онаа на „GM“, а се дискутираат нови програми за стимулирање на дилерите. Следниот чекор во таа насока ќе биде значителното зголемување на моделите во палетата на брендот.