20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаде фудбалот е најголем бизнис?

Каде фудбалот е најголем бизнис?

pari topka

Европските фудбалски сезони полека започнуваат, а со нив и сите бизниси поврзани со „големата игра“.

Споредбата помеѓу најголемите првенства во Европа – оние во Велика Британија, Шпанија и Германија, дава одговор на прашањето каде бизнисот поврзан со фудбалот е најголем.

Трите првенства имаат огромни приходи од телевизиските права. Генерален спонзор на првенството во Шпанија е „Telefonica“, која платила 600 милиони евра за правата. Благодарение на популарноста и интересот кон двата водечки фудбалски клубови – Реал Мадрид и Барселона, компанијата се надева да реализира уште 600 милиони евра од инвестицијата преку продажба на правата на меѓународните пазари.

Англиската Премиер Лига е со најголеми приходи од телевизиските права. Компаниите „Sky“ и „BT“ платиле рекордни 7,1 милијарди евра за три сезони. Сите овие средства им помагаат на тимовите во лига да плаќаат рекордни суми во форма на трансфери и плати на своите играчи. Општо земено англиските тимови трошат 2,3 милијарди евра на сезона, шпанските трошат 1,2 милијарди долари, а германските клубови трошат 1,1 милијарди долари по сезона.

И иако германските клубови трошат најмалку средства, првенството во земјата е меѓу најпосетуваните. Просек 43.000 гледачи ги гледаат натпреварите од првенството, во голема мера и благодарение на фактот дека цените на билетите за натпревари се најниски меѓу трите разгледувани страни.

Најголем победник останува Англија и нејзината Премиер Лига. Вкупните приходи на првенството се во износ од 3,9 милијарди евра, благодарение на рекордните телевизиските права за првенството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП