27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАпликација која овозможува бесплатна размена на пораки

Апликација која овозможува бесплатна размена на пораки

poracinja 223

Заборавете на роамингот, огромните телефонски сметки или лошиот интернет, со помош на оваа апликација можете да испраќате пораки без интернет било каде во светот.

„FireChat“ е совршена апликација при патувања затоа што овозможува испраќање и примање пораки без било каква интернет врска, благодарејќи на вмрежувањето.

Oвој систем овозможува бежично комуницирање така што ја пренесува пораката од еден до друг телефон на кои апликацијата е инсталирана со помош на „WiFi“ и „Bluetooth“ антените.

Ако во близина нема врска, пораките се чуваат до моментот кога ќе може да бидат испратени. Тогаш тие се префрлуваат од еден на друг телефон се додека не пристигнат до примателот, а сите пораки се ширфирани, па може да ги прочита само онаа личност за кои се наменети.

Нормално, целиот овој процес ќе потрае од 10 до 20 минути, но пораки ќе можете да испратите на било кое место во светот без никакви трошоци.

Оваа апликација е во целост бесплатна и е достапна за „iOS“, но и „Android“ корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП