10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСорос продаде голем дел од акциите на Alibaba

Сорос продаде голем дел од акциите на Alibaba

soros baba

Фондот во сопственост на влијателниот милијардер Џорџ Сорос продаде поголем дел од акциите кои ги поседуваше во кинеската компанија за интернет тргување „Alibaba“.

„Soros Fund Management“ сега има само 60.000 акции од кинеската компанија вредни 4,88 милиони долари, пренесе „BBC“, повикувајќи се на извештај доставен до американските регулатори.

За споредба, на крајот на март фондот поседуваше акции во кинеската компанија во вредност од 370 милиони долари.

Акциите на „Alibaba“ беа сврстени на берзата во Њујорк во септември минатата година. Рекордна цена достигнаа во ноември, по што потонаа за 37 отсто.

Минатата недела компанијата ги разочара инвеститорите на Волстрит со кварталните деловни резултати, пред се со 28-отстотниот раст на приходите, најбавен за три години.

Фондот на Сорос ги продал и акциите во кинескиот интернет пребарувач, а купи во „Time Warner“ и „Facebook“.

Инвеститорот и филантроп Џорџ Сорос се најде оваа година на второто место на листата на „Forbes“ за менаџери на хеџ фондови со заработени 1,2 милијарди долари во 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП