30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Кина сакаат да управуваат со интернетот?!

Русија и Кина сакаат да управуваат со интернетот?!

interne

Русија и Кина најавуваат дека ќе останат обединети во намерата да се промени концептот на користење и управување со интернетот.

Руските и кинеските напори да се промени начинот на кој се управува и се користи интернетот веројатно нема наскоро да вродат со плод, но од друга страна, сигурно е дека овие две земји ќе останат упорни во намерата да остварат контрола над интернетот во нивните земји.

Од 1 септември 2015 година на сила стапува новиот закон во Русија, кој значително ќе влијае на управувањето со интернетот. Имено, според новиот закон, сите компании кои собираат какви било податоци од руските граѓани ќе мора податоците да ги складираат на сервери кои физички ќе се наоѓаат на територија на Русија.

Тоа значи дека компаниите како Google, Twitter, Facebook и други ќе мора да изградат сервери на просторот на Русија ако сакаат и понатаму да бидат присутни на рускиот пазар.

Ако тоа не го направат и ако продолжат да ги користат серверите кои се надвор од Русија, а воглавно се во САД, руските власти ќе го оневозможат пристапот до нивните страници и услуги. Новиот закон овозможува руските власти подетално да следат кои информации излегуваат од нивната земја.

Главна цел на Кина и на Русија се да го локализираат складирањето на податоците и да изработат други регулативи на ниво на своите држави, а целта е да ги заштитат своите граѓани од напади од надвор.

На тие промени се спротивставуваат САД и другите западни земји кои доминираат во овој сектор.

Во суштина, судирот е околу тоа кој ќе управува со интернетот. Русија и Кина заговараат концепт во кој секоја држава ќе ги диктира правилата о своите граници, а западот диктира концепт каде правилата за сите се исти, а да се договараат заеднички.

Повеќето сегашни правила и регулативи се поврзани со САД како место каде почна интернетот. Властите на САД и понатаму имаат можност за огромно влијание врзразлични сфери на уптавување со интернетот, а очигледно тоа на некои други играчи на геополитичката сцена не им се допаѓа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП