Тие беа многу богати, но денес се без пари. Погледнете кои се шестмината професионални спортисти кои заработија милиони во текот на својата кариера, а кои денес банкротираа.
Вин Бејкер
За време на кошаркарската кариера во НБА, тој заработи повеќе од 100 милиони долари. Денес Бејкер работи во „Starbucks“, а како што вели се бори за менаџерската позиција.
Мајк Тајсон
Неофицијално Тајсон заработи над 400 милиони долари во својата сјајна боксерска кариера. Непланираните трошоци (тигри, накит, скапи автомобили), разводите и времето во затвор му се одразуваат лошо на финансиите и во 2003-та година, Тајсон банкротира.
Ален Ајверсон
Тој беше добар, тој беше многу добар кошаркар. Освен тоа заработи многу пари – 21 милиони долари од Детроит за сезоната 2008-2009-та година. Само една година подоцна Ајверсон се разведе, а дознаваме дека тој секогаш си купувал нова облека, затоа што кога патувал да не носи багаж со себе. Бекот дури престанува да плаќа алиментација за своите деца, а како што вели: „Немам пари дури и за чизбургер“.
Диего Марадона
Тој е сметан за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Милионите заработени од него за време на блескавата кариера, сепак брзо испаруваат, главно заради разводи и дрога.
Антоан Вокер
Крилото на Бостон заработи повеќе од 110 милиони долари во текот на својата кариера во НБА. Неговата свита од над 70 роднини и пријатели, сепак го водат до банкрот во 2010-та година. Познат е по тоа што никогаш не е облечен во ист костум повеќе од еднаш.
Мајкл Вик
Квотербекот на Атланта, Филаделфија и Њујорк заработува повеќе од 100 милиони долари во кариерата. Вик помина две години во затвор, откако е обвинет за нелегални борби со кучиња. Токму таму, во 2008-ма година тој објави банкрот. Денес Вик живее со по 300.000 долари годишно, а од излегувањето од затвор успеал да плати над 18 милиони долари од долговите.