10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКварталните приходи на Alibaba со најбавен раст во последните 3 години

Кварталните приходи на Alibaba со најбавен раст во последните 3 години

alibaba 35

Приходите на „Alibaba Group Holding Ltd.“ во вториот квартал се зголемија за 28%, но и покрај тоа се разминуваат со очекувањата на аналитичарите, а растот им е со најбавно темпо во последниве три години, пренесува „Ројтерс“.

Најголемата кинеска компанија за електронска трговија предвиде квартални приходи од 3,27 милијарди долари (20,2 милијарди јуани), или под предвидените 3,39 милијарди долари. Зголемувањето од 28 отсто е побавно од просечниот раст од 56% во последните 12 месеци, додава „Bloomberg“.

Одложувањето на растот на приходите доаѓа откако вкупната вредност на стоките, префрлени во платформите на „Alibaba“, е нагоре за 34% или до 105 милијарди долари (673 милијарди јуани). Темпото на раст исто така е најбавното по повеќе од три години.

„Alibaba“, чија пазарна капитализација изнесува 194 милијарди долари, се отклонува од главните платформи само за онлајн трговија, во обид да го задржи забавувањето на растот на приходите и вкупниот волумен на стоки префрлени на нивните сајтови.

Стратешките приоритети на кинескиот концерн се интернационализација, супериорност над конкурентите во однос на приходите од продажба во мобилните уреди, проширување на присуството во руралните области на Кина и инвестиции во облачните услуги, наведува главниот извршен директор на „Alibaba“, Даниел Џанг.

Покрај тоа, компанијата најавува 2-годишна програма за откуп на акции во вкупна вредност од 4 милијарди долари.

Во понеделникот „Alibaba“ соопшти дека ќе инвестира 4,6 милијарди долари во една од најголемите кинески синџири за продажба на електроника – „Suning Commerce Group“. Договорот може да го зголеми присуството на „Alibaba“ во областа на логистичките услуги и електрониката – области во кои помалиот, но растечки, конкурент „JD.com“ добро котира.

Акциите на „Alibaba“ поевтинија за 26% од почетокот на годината и со 6,9% пред почетокот на трговијата на берзата во Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП