1 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРасте популарноста на Xbox One

Расте популарноста на Xbox One

boksi 333

„PlayStation 4“ минатиот месец, како и секој досега, остана најпродаваната играчка конзола на пазарот, но „Xbox One“ е уредот кој беше забележан од страна на аналитичарите. Во споредба со резултатите од јули минатата година, „Xbox One“ во минатиот месец оствари дури 44% подобра продажба.

Згора на тоа, вкупната продажба на конзоли во јули била за 50% подобра отколку во истиот месец од минатата година, па така продажбата на играчкиот хардвер веќе дојде на 2% повисоко ниво од лани. Истовремено, игрите оваа година се продаваат многу повеќе од минатата година, а водството традиционално го држат игрите за „PlayStation 4“. Второто место на големо изненадување го превземаа игрите за „Xbox 360“.

„Warner Bros.“ ја превзема титулата на најуспешен издавач, најпрво поради добрата продажба на „LEGO Jurassic World“ и „Batman: Arkham Knight“.

И играчките додатоци се продаваат многу добро, околу 17% подобро од овој период во минатата година.

Вкупните приходи на оваа индустрија во јули изнесуваат 541,9 милиони американски долари, што претставува раст од 6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП