17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus LX 570 за 2016-та година (фото)

Lexus LX 570 за 2016-та година (фото)

lx 570

„Lexus LX 570“ можеби нема да победи на натпреварувањето за најуспешен автомобилски дизајн, но со неговото појавување во ретровизорот со сигурност ќе ве убеди да се потргнете од патот.

Jaпонскиот производител претстави освежена верзија на својот најголем „SUV“ модел – „LX 570“, кој освен козметички, претрпе и значајни промени на механички план.

lx 570 1

Предниот дел на возилото е комплетно редизајниран – „Lexus“ во склад со најновите модели од својата производна програма ја „залепи“ масивната маска на ладилникот, а фаровите се редизајнирани така што под нив се вклопени препознатливите дневни „LED“ светла во форма на бумеранг.

Сличен рецепт е применет и на задниот дел на овој „SUV“.

lx 570 2

Браникот е редизајниран, додека стоп-светлата визуелно и технолошки се модернизирани.

Обидот „LX 570“ да биде попривлечен за окото на потенцијалниот купувач продолжува со новиот дизајн на бандажите од 20 и 21 инч.

lx 570 3

Да во овој „SUV“ модел, во кој може да се сместат 8 патници, се мора да биде огромно потврдува и 12,3 инчниот дисплеј на мултимедијалниот систем кој зазема голем дел од централната конзола.

Автомобилот е опремен и со систем кој му дозволува на возачот да избере еден од неколкуте режими за возење, а во понудата е и „head-up“, aмбиентално „LED“ осветлување, бежичен полнач за мобилен телефон, 11,6 инчни екрани на наслоните на предните седишта, вентилација и греење на задните седишта…

lx 570 4

Од механичка страна, најважна новина е воведувањето на современиот осумбрзински автоматик кој ќе го замени својот претходник со шест брзини.

3,2 тони тешкиот „SUV“ на „Lexus“ погон добива од познатиот 5.7 литарски V8 мотор кој произведува 389 ks и развива 546 Nm максимален вртежен момент.

lx 570 5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП