21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдбојкарите втори во Европската лига

Одбојкарите втори во Европската лига

mk odbojka

Одбојкарската репрезентација на Македонија го освои второто место во Европската лига, откако во петокот навечер го загуби финалниот меч од Словенија со 0:3 (21:25, 20:25, 17:25).

Македонските одбојкари и покрај поразот го постигнаа најголемиот успех во историјата на овој спорт. Словенија покрај титулата изброи место во Светската лига, додека Македонија ќе чека административна шанса за пласман во светската одбојкарска елита.

Импресионирани од настапот во финалето, физички и емотивно исцрпени од полуфиналната победа над Естонија, македонските одбојкари во ниту еден момент не им пружија оптпор на расположените Словенци.

Словенците од стартот го наметнаа ритамот, со сервисите целосно го пореметија приемот на македонската селекција и на крајот таквата игра ја крунисаа со победа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП