„Mercedes-Benz“ официјално ја покажа новата генерација на „C-Class Coupe“. Моделот ќе има премиера во Франкфурт во септември, а на пазарите во Европа ќе се појави пред крајот на оваа година.
Веќе неколку пати видовме шпионски фотографии на моделот, па не сме изненадени од дизајнот на каросеријата. Таа во голема мера е под влијание на поширокиот „S-Class Coupe“ прикажан претходно оваа година. Во споредба со претходната генерација на „C-Class Coupe“, новиот модел е за 95 мм подолг, за 40 мм поширок и има зголемено за 80 мм меѓуоскино растојание.
Во моментов од германската компанија не ги открија деталите за моторите на моделот, но се очекува тие да бидат слични со предложените кај седанот и караванот „C-Class“ од новата генерација. На официјалните слики се гледаат две од модификациите – „C300“ и „C250d 4MATIC Coupe“.
Ќе бидат достапни и спортските верзии на „AMG“ – „C63 Coupe“ и „C63 S Coupe“, а тие ќе бидат прикажани на 19-ти август.
За конкурентот на „BMW Series 4 Coupe“ се знае дека ќе нуди опции како погон на сите четири тркала и воздушно потпирање. Во однос на безбедноста моделот ќе располага со голем број додатоци, меѓу кои адаптивен автопилот, систем за автоматско паркирање, 360-степена камера и интелигентан климатизација, кој работи заедно со навигацијата.
Сите детали за новиот „C-Class Coupe“ ќе бидат откриени во средината на септември, кога ќе се одржи официјалната премиера на моделот. Продажбата во Европа ќе стартуваат пред крајот на оваа година, додека во САД моделот ќе биде достапен во пролет следната година.