11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците овој пат рекоа „да“ за „тројката“

Грците овој пат рекоа „да“ за „тројката“

grcija parlament 34

Грчкиот парламент го одобри предлог законот за третиот пакет на меѓународна помош.

По дебатата која траеше до утринските часови, како и по повеќто одложувања и несогласувања меѓу членовите на владеачката партија Сириза, Грчкиот парламент го одобри третиот пакет за помош.

Законот е усвоен неколку часа пред состанокот со министрите за финансии од еврозоната, кои треба да го разгледаат договорот на Атина со меѓународните кредитори.

Во своето обраќање во парламентот пред гласањето, грчкиот премиер Алексис Ципрас го нарече овој пакет „нужно зло за нацијата“.

Поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис остана при својот став и гласаше против пакетот за помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП