ПочетнаИНТЕРЕСНООдбојкарите против Словенија во финале на Европската лига

Одбојкарите против Словенија во финале на Европската лига

одбојкаррррри

Македонската одбојкарска репрезентација во петок вечер од 20 часот го игра финалето на Европската лига против Словенија, откако во полуфиналето направи подвиг и уверливо ја совлада фаворизираната Естонија со 3:0.

Доколку победат вечер во финалето, македонските одбојкари би оствариле историски успех, а следната година би се натпреварува во Светската лига.

Словенија, која на сите досегашни 11 натпревари во Европската лига има исто толку победи, е фаворит на хартија пред вечерашниот меч. Но, Македонија во последните натпревари евидентно ја подигна формата и доколку прикаже борбена игра како против Естонија може да се надева на победа.

Македонија вчера прикажа брилијанта партија и потполно и се реваншираше на Естонија за двата пораза во групата. Естонија до натпреварот со Македонија немаше претрпено ниту еден пораз.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП