1 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung ги претстави новите Galaxy Note 5 и Galaxy S6 edge +...

Samsung ги претстави новите Galaxy Note 5 и Galaxy S6 edge + (фото)

n samsi1

„Samsung“ претстави два нови смартфонот од високата класа – „Galaxy Note 5“ и „Galaxy S6 edge +“. Двата уреди делат голем дел од хардверот, но според компанијата се насочени кон различни корисници.

„Galaxy Note 5“ е за луѓе кои работат со повеќе намени. Тој располага со нова, подобрена верзија на пенкалото „S Pen“. Овој додаток е многу прецизен и овозможува пишување дури и на исклучен екран. Исто така е можно брзо и лесно да се водат белешки, кои потоа се зачувуваат. Друга карактеристика на „Note 5“ е куќиштето од метал и стакло, кое на грбот е свиткано за да може со уредот полесно да се работи со една рака.

s nov

„Galaxy S6 edge +“ пак е насочен кон љубителите на медиата и дизајнот. Уредот е речиси идентичен на поглед со обичниот „S6 edge“, едноставно е поголем. Металот на куќиштето е цврсто за да издржи оптоварување.

Во хардверскиот однос двата смартфони се речиси идентични. Тие користат 5.7-инчен „Super AMOLED“ екран со 4К резолуција. Уредите располагаат со 4GB RAM меморија и процесори, кои за сега „Samsung“ не ги открива. Веројатно, идентични како оние на „S6“ – осум јадрен „Exynos“.

s nov2

Вградената камера на задната страна е со 16MP и за двата модели. Таа располага со систем за оптичка стабилизација, која работи во комбинација и со дигитално стабилизирање на сликата при снимање на видео кое е со 4K резолуција. „Galaxy S6 edge +“ и „Note 5“ имаат и функција за стриминг во живо од телефонот директно на „YouTube“.

И двата уреди се потпираат на „Android 5.1 Lollipop“. Тие располагаат и со идентични батерии – 3000 mAh, кои имаат функција за брзо безжично полнење. Таа обезбедува целосно полнење на батеријата за 120 минути. „Samsung“ најави дека се обложува на иднина во која нема да има кабли и ќе е сосема нормално да го оставиш телефонот на маса или биро и тој да почне да се полни.

s nov23

Општо земено двата смартфони не обезбедуваат револуционерни промени. Тие ја следат стратегијата на „Samsung“ за зголемување на квалитетот на изработка и подобрување на хардверот. Компанијата се надева дека раната презентација на уредите, околу еден месец пред следниот „iPhone“ ќе им даде доволно време да ги освојат потрошувачите.

Интересна новина е „Keyboard Cover“ за „Note 5“. Тоа е мала хардверска тастатура која се прикачува на телефон и може да се користи наместо екранот. Кога не е потребна, едноставно се става на задната страна на уредот, а тоа ја исклучува автоматски.

n samsi5

Продажбата на моделите почнуваат уште следната недела во САД, а за другите земји дебито ќе е случи наскоро потоа. На есен ќе започне и постепено активирање на платформата за мобилни плаќања „Samsung Pay“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП