2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen подготвува ривал на Audi RS Q3

Volkswagen подготвува ривал на Audi RS Q3

look r 54

„Volkswagen“ работи на конкурент на „Audi RS Q3“ и „Mercedes-Benz GLA45 AMG“. Автомобилот ќе претставува „R“-модификација на идниот „Tigian Coupe“, пишува весникот „Autocar“.

За овој теренец веќе е познато дека треба да излезе кон крајот на 2016-та или почетокот на 2017-та година Неговата спортска верзија ќе се појави околу една година подоцна. Таа ќе добие 2,0-литарски турбо мотор со 300 КС и 380 Нм вртежен момент. Моторот ќе работи со 6-брзински автоматски менувач со две спојки.

Се очекува идниот „Tiguan Coupe R“ да забрзува од 0 до 100 км/ч за околу 5,1 секунди. Кросоверот ќе биде опремен со систем за погон на сите четири тркала, како и со индивидуализирани амортизери со 4 режими на работа.

Што се однесува до стандардниот „Tiguan Coupe“, тој ќе биде изграден на платформата „MQB“. Од вообичаениот кросовер новата верзија ќе се разликува по косата линија на покривот, помалите стакла и големиот заден дел.

Моторите понудени за кросоверот, ќе бидат бензински и дизел со зафатнина меѓу 1,4 и 2,0 литри. Ќе има и хибридна верзија – „GTE“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП