17 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилниот франк „ја јаде“ добивката на Nestle

Силниот франк „ја јаде“ добивката на Nestle

nestle 39

Швајцарскиот прехранбен гигант Nestle објави дека нето добивката во првата половина од годината е благо намалена под притисок од силниот франк и повлекувањето на значаен производ од Индија што го пригуши влијанието од силните приходи.

Во првите шест месеци од годината швајцарската компанија оствари нето добивка од 4,52 милијарди франци (4,1 милијарди евра), што е 2,5 отсто помалку во однос на истиот период лани.

Компанијата во наведениот период остари органски раст од 4,5 отсто. Приходите на крајот стагнираа на речиси исто ниво како и минатата година и изнесува 42,8 милијарди франци, а беа погодени од неповолното влијание на силниот франк.

Дополнителна кочница за Nestle во првата половина од годината беше забраната за тестенините Maggi во Индија, откако испитувањата покажале дека овој производ на Nestle содржи недозволиво голема количина на олово. Maggi до забраната држеше 80 отсто од индискиот пазар.

Во меѓувреме индискиот суд ја повлече забраната, додавајќи дека тестенината може повторно да биде пуштена во продажба штом бидат заклучени испитувањата.

Извршниот директор на Nestle, Пол Булке истакна дека и покрај превирањата во Индија и силниот франк Nestle е подготвен да ја потврди прогнозата за органската стапка на раст во оваа година до пет отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП