16 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi повторно со револуција кај најевтините смартфони

Xiaomi повторно со револуција кај најевтините смартфони

hija

Водечкиот кинески производител на паметни телефони „Xiaomi“ го претстави својот нов модел од најпопуларната серија „Redmi“ – „Note“, кој е на пат да направи револуција кај нискобуџетните уреди.

Смартфонот го користи процесорот на производителот „MediaTek“ – „Helio X10“, а цената на уредот е зачувана на исклучително ниско ниво од 125 долари. За споредба, конкурентните модели кои го користат истиот процесор, се по цени од над три пати повеќе.

hija1

Во однос на останатите карактеристики, моделот „Xiaomi Redmi Note 2“ се одликува со 5,5-инчен екран со резолуција од 1.080 x 1.920 пиксели, оперативниот систем е „MIUI 7“ базиран на „Android 5.0 Lollipop“, а има дебелина од само 8,2 мм. Смартфонот располага со 2 GB RAM меморија, 16 GB внатрешна меморија, 13 мегапиксели задна и 5 мегапикселна предна камера, како и батерија со капацитет од 3 060 mAh.

За споредба, најевтиниот модел на конкурентската компанија „Meizu“ – „MX5“, придвижуван со истиот процесор, е со цена од над два пати од оваа на „Redmi Note 2“. Моделот „Huawei P8“ е речиси три пати поскап, а овој на „HTC“ – „One M9 Plus“, чини околу 700 долари.

hija2

Овој смартфон ќе стане достапен од утре во Кина, а првично ќе се нуди само во земјата. Засега нема информации, дали „Xiaomi Redmi Note 2“ ќе се појави на другите пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП