20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОстар пад на добивката на Lenovo, отпушта 3.200 работници

Остар пад на добивката на Lenovo, отпушта 3.200 работници

lenovo glass

Кинескиот производител на компјутери и паметни телефони Lenovo извести за пад на нето добивката во вториот квартал и најави укинување на 3.200 работни места ширум светот.

Нето добивката на Lenovo падна во однос на истиот период лани за 51 отсто, на 105 милиони долари. Истовремено приходите се зголемени за 3 отсто на 10,7 милиони долари, што е под очекувањата.

Најголемиот светски производител на персонални компјутери најави и дека планира да отпушти 10 отсто од вкупниот број вработени во непроизводните единици ширум светот, односно околу 3.200 работни места, во рами на намалувањето на трошоците со цел заштеда на 650 милиони долари во остатокот од годината.

Lenovo извести за значителен пад на продажбата во секторот за компјутери и таблети, како и се поголемата конкурентност и забавувањето на растот на пазарот на паметни телефони.

Извршниот директор, Јангјинг Јанг рече дека компанијата исто така ќе го реструктуира работењето поврзано за паметните телефони поради „најтешкото пазарно опкружување во последните неколку години“.

Lenovo минатата година го купи брендот Motorola од Google за 2,9 милијарди долари со цел да ја подобри пазарната позиција.  Во работењето со мобилни телефони Lenovo во вториот квартал оствари загуба пред оданочување од 292 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП