18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст на акциите на Maersk по задоволителните финансиски резултати

Раст на акциите на Maersk по задоволителните финансиски резултати

maersk_container11-600x0

Акциите на „A.P. Moeller-Maersk A/S“ ја зголемија цената со најсериозен раст од февруари па наваму, откако нејзината линија за морски контејнерски транспорт – најголемата во светот – објави дека профитот е над очекувањата и покрај падот на надоместоците за превоз, пренесува „Bloomberg“.

Оперативната добивка на „Maersk Line“ по даноци се намалува за 7,3% на годишна основа или до 507 милиони долари, но е над прогнозите на аналитичарите за 482 милиони долари.

Нето добивката на групацијата се намали до 1,07 милијарди долари, што повторно е над средната оценка на експертите за 729 милиони долари.

На берзата во Копенхаген акциите на„ Maersk“ пораснаа за 7,4% или до 12,79 круни, откако поскапеа за цели 8,7% при самото отворање на пазарот. Тоа е најголемиот раст во цената од 25-ти февруари па наваму.

До среда акцијата беше изгубила 3,7% од својата вредност од почетокот на годината во однос на растот од 12% на поширокиот индекс Stoxx Europe 600 за истиот период.

„Maersk Line“, кој транспортира скоро 15% од светските стоки, предвид 13% пад на трошоците за транспонтираните контејнери во последниот квартал. Дивизијата ја задржува прогнозата за финансиските резултати иако и 14 отсто пад на надоместоците за превоз.

„Maersk Line“ очекува пораст на нето добивката од заработените 2,2 милијарди долари во 2014-та година. Групацијата, која има дивизија за екстракција на нафта, ја задржува прогнозата за добивка од речиси 4 милијарди долари во 2015-та година.

Сметководствените биланси остануваат „здрави“, што ќе и овозможи на компанијата реоткуп на сопствени акции за речиси 1 милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП