10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCadillac ќе нападне со 9 нови модели

Cadillac ќе нападне со 9 нови модели

 

cadi 3330

До крајот на оваа деценија „Cadillac“ ќе им предложи на своите клиенти 9 нови или обновени модели. Тоа го пишува весникот „The Detroit Free Press“ кој го цитира шефот на компанијата Јохан де Нејсен.

Топ менаџерот, кој минатата година го напушти „Nissan“ за да го предводи „Cadillac“, објави дека на пазарите ќе излезат еден целосно нов компактен седан, 3 обновени автомобили и пет кросовери/теренеци.

Последната новина во палетата на американскиот производител е седанот „CT6“ (на фотографијата). На саемот во Детроит во јануари ќе дебитира теренецот „XT5“ кој се јавува како најава на „SRX“. По него ќе излезе и најмалиот седан на брендот, кој е изграден врз основа на „ATS“. Тој ќе биде со заден пренос, но сепак тоа е знак дека подготвуваат конкурент на „Mercedes CLA“ и „Audi A3“, кои се со погон на предната оска.

Седанот ќе биде пуштен во продажба во 2017-та година, а две години подоцна „Cadillac“ ќе понуди уште еден компактен модел. Тоа ќе биде кросовер, кој ќе биде распореден под „XT5“ во палетата на брендот.

На крајот на деценијата, во 2020-та година, треба да дебитира и новиот предводник на компанијата од Детроит. Се очекува тој да го добие името „CT8“ или „CT9“. Луксузната лимузина ќе се обиде да се избори на пазарот со продолжените верзии на „Audi A8“, „BMW 7-Series“ и „Mercedes S-Class“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП