18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои компании се најголемите победници и губитници со девалвација на јуанот?

Кои компании се најголемите победници и губитници со девалвација на јуанот?

yuan

Девалвацијата на јуанот од страна на кинските власти предизвика бурна реакција на берзите, а вистинските потреси допрва се очекуваат.

Њујоршкиот ,,Wall Street Journal” по тој повод објави кој од девалвацијата на јуанот најмногу ќе профитира во светот на бизнисот, а кој својот бизнис ќе го доведе во прашање за опстанок.

Како најголеми добитници од девалвацијата на јуанот, ,,Wall Street Journal” ги наведува компаниите ,,Lenovo”, потоа,,Foxxcon” кој ги прави iPhone телефоните за ,,Apple”, потоа ,,Li and Fung” еден од најголемите посредници во светот на набавките, компанијата ,,Petrochina” и ,,Chinalko”, алуминиумска компанија.

Причината за поголемиот профит на овие компании во наредниот период  ќе биде поради смалување на трошоците за производство, како и поголема заработка поради јуанот, бидејки својата роба ја продаваат во долари, а работниците се платени во кинеската валута.

Губитници од девалвацијата се ,,AirChina”,,, Apple”, ,,Yum Brands”(сопственици на ,,KFC” и  ,,Pizza Hut”),,, Hyundai” и ,,Jonson and Jonson”. Причините се долгови во јуани(,,AirChina”), премногу работа со Кина(,,Apple”, ,,Yum Brands” и ,,Jonson and Jonson”), или купување делови во долари(,,Hyundai”).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП