4 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.08.2015

Дневен хороскоп 13.08.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Барате разни начини да добиете финансиска слобода но ниеден не ви се чини доволно добар. Дури размислувате и да вложите поголема сума во игрите на среќа. За ваша среќа во моментов немате храброст за тоа. Внимавајте, периодот кој следи воопшто не е погоден за ризикување.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не му дозволувајте на никого да ве спречи во она што планирате да го направите или она што сте го планирале. Тоа веројатно се однесува на вашата кариера која во последо време стагнира. Некоја Шкорпија ќе ве повика на предизвик, прифатете го бидејќи можете одлично да заработите од тоа.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе бидете збунети и нема реално да гледате на работите. Вашиот занес кратко ќе трае бидејќи еден Бик ќе ве потсети што всушност значи реалноста. Не сте подготвени да одите до крај во плановите за кои мислите дека ќе ви донесат профит. Можна е средба со една Шкорпија, Лав или Стрелец.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Немојте секој момент да го менувате расположението, тоа е неповолно за вас и за луѓето околу вас. Ќе имате прилика да се покажете во најдобро издание, а соработниците и колегите ќе ве пофалат за тоа. Ако сте склони кон консумирањето алкохол денес може да се појави сериозен здравствен проблем.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе размислувате и ќе разговарате за вашата иднина, но заклучокот нема да зависи од вас. Привлечноста на новите предизивици кои носат патување и пошироки промени ви одговара, додека пак во финансиската неизвесност сепак се смирува топката и ве враќа во пореалните кругови.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ве мачи симпатијата кон една Водолија, но од нејзина страна не добивате никакви знаци. Не знаете дали и се допаѓате или само вам така ви се чини. Сето тоа ве деконцентрира. На работното место имате премногу натрупана работа но и голема одговорност. Олабавете се во друштво на семејството.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Можни се важни средби со некои лица кои се подготвени да прифатат некоја голема работа. Можно е да станува збор за соработка со некој Овен. Не се двоумете во врска со одлуката која се однесува на соработката со некоја друга Вага без оглед во какви односи сте. Недоволно сте подготвени да преминете преку некои коментари на ваша сметка.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вие не можете да се пожалите од тоа што ви го нуди животот во моментов. Денес ќе биде еден од оние убави денови во кој ќе се чувствувате одлично. Толку сте обземени сами со себе па нема ни да забележите дека парнерот ви е лут за некои постапки. Променете го односот може сериозно да ја влошите состојбата.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Транзитот на Венера не ви одговара поради што нема да бидете остри и директни во работата со соработниците и оние кои во последно време не мислат како вас. Имате начин како да се договорите околу некое многу важно прашање со Девицата или Водолијата, мора само да ја примените вистинската тактика.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Поголем дел од енергијата која ја поседувате ќе ви ја донесе работата. Можеби ќе влезете во некоја нова работа или нова работна средина. Ќе ви биде овозможено да користите било каква погодност, туѓи пари, кредит и сл. Бидете штедливи и не влегувајте во нелегални комбинации.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес разговорите и вашите слободоумни идеи ќе ги оставите за попладневните часови. Попладнето ќе го поминете во друштво со соседите или со пријателите во некое кафуле. Внимавајте што зборувате.Можете да добиете коментар што ќе ве повреди.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекуваат нови возбудувања можеби поврзани со некакво патување. Контактите со странство ви се позитивни. Ќе се двоумите околу покажувањата на чуствата, минатите искуства ви ги нарушуваат сегашните прилики. Некој пријател ќе ве поттикне да правите посмели чекори во животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП