23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota Mirai пристигна во Европа

Toyota Mirai пристигна во Европа

vodorod mi

Првиот во светот масовно произведен водороден автомобил, „Toyota Mirai“, е веќе во Европа, објави јапонската компанија.

Првите примероци од моделот пристигнаа од фабриката во Јапонија на пристаништата во Бристол, Велика Британија и Зеебреге, Белгија. Официјалниот старт на продажбата е закажан за почетокот на септември.

vodorod mi1

Според информациите првиот автомобил на водород „Toyota Mirai“ ќе се нуди во Велика Британија, Германија и Данска, каде веќе е изградена дилерска и сервисна мрежа за моделот. Предвидените примероци за пазарот во Велика Британија се веќе откупени главно од корпоративните клиенти, покажуваат информациите.

„Ова е почетокот на една нова ера на чист транспорт, пресвртна точка во историјата на автомобилите. Со „Mirai“ и неговата водородна технологијата, „Toyota“ работи на создавање на чиста, безбедна и пријатна мобилност за следните 100 години“, истакна Карл Шлихт, извршен потпретседател на „Toyota Europe“.

vodorod mi2

Во оваа година за пазарот на Европа се предвидени меѓу 50 и 100 примероци од моделот „Mirai“. Јапонската компанија веќе го зголеми обемот на производство, а се очекува квотата за догодина да биде барем двојно поголема. Цената на водородниот автомобил во Германија започнува од 66.000 евра.

Моделот „Toyota Mirai“ е управуван од електромотор, а енергијата за добива како резултат на хемиска реакција меѓу кислородот и водородот. Моќноста на моторот е 155 КС, што овозможува забрзување од место до 100 км/час за малку над 9 секунди. Полнењето со водород трае помеѓу 3 и 5 минути, а автономија на километражата достигнува 500 км.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП