18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо FT, Pearson го продава својот удел и во Economist

По FT, Pearson го продава својот удел и во Economist

ekonomist 333

Pearson постигна договор за продажба на 50-процентниот удел во издавачот на магазинот „Economist“ за 469 милиони фунти (731 милиони долари).

Компанијата продолжува да ги продава своите медиумски удели, а причината за тоа е целта за да се концентрира на својата основна дејност.

Италијанската инвестициона група „Exor SpA“ ќе плати 287 милиони фунти за 27.8% од „Economist Group“, плус т.н. „Б“ акции, кои даваат право да назначи шест од 13-те членови на одборот на директори. Самата „Economist Group“ ќе плати 182 милиони фунти за остатокот од уделот на „Pearson“.

„Exor“, која е контролирана од фамилијата Ањели, веќе поседува малку помалку од 5% од „Economist Group“. Семејството Ањели се базира на италијанскиот автопроизводител „Fiat“, кој пред извесно време го купи „Chrysler“.

Од „Pearson PLC“ објавија минатиот месец дека го продале својот новинарски „скапоцен камен“ – „The Financial Times“ на јапонската компанија „Nikkei“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП