Децата на неодамна починатата Јохана Квант, која поседуваше 16 отсто акции во познатиот германски производител на автомобили „BMW“ ќе го поделат на еднакви делови наследството на нивната мајка.
Стефан Квант и Сузана Квант во иднина, покрај своите претходни удели наследени од нивниот татко, ќе имаат сопственички удел од 26, односно 21 процент на акции.
Но Стефан Квант, како што пишува „Handelsblat“, располага со гласачко право од 34,2 oтсто што е над законската граница од 30 проценти, па затоа би можел да објави понуда за превземање на сите акции во „BMW“. Меѓутоа, тој од надлежните органи побара од оваа обврска да биде ослободен, што според Законот за наследување е возможно, соопшти портпаролот на семејството Квант.
Во Германија постојат многу големи стапки на данок за наследство и кај наследниците од прв ред. Толку се високи што наследниците се принудени да продадат дел од наследството со цел да платат данок.
Уставниот суд на Германија се занимаваше неодамна со законските решенија според кои наследниците на компании би можеле да бидат ослободат од тие даноци, доколку во одреден рок се обврзуваат да продолжат со производство во почетниот степен и со моменталниот број на вработени.