17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ годишно фрла повеќе од 17 милиони тони употреблива храна

ЕУ годишно фрла повеќе од 17 милиони тони употреблива храна

0,,16429562_303,00

Европската унија годишно фрла околу 22 милиони тони храна, од кои четири петини се фрлени без причина, покажа истражувањето под спонзорство на Европската комисија.

Истражувањето објавено во магазинот Environmental Research Letters ги анализира податоците од шест земји во обид да ја процени вкупната загуба на вода, кислород и други природни извори преку фрлањето на храна, а резулатите сугерираат дека 80 проценти од прехрамбените производи се фрлени без причина.

Истражувачкиот тим вели дека анализата се базира на податоците од Британија, Холандија, Данска, Финска, Германија и Романија, бидејќи другите членки на ЕУ немаат соодветни информации. Најмногу храна фрлаат Британците, додека најмалку Романците, пренесува Ројтерс.

Меѓу храната која најмногу се фрла и пропаѓа се овошјето, зеленчукот и житарките, а истражувачите велат дека најдобриот пат кон рационална иднина е едукацијата на потрошувачите кои повнимателно треба да ја планираат исхраната.

На некој начин е добро ова фрлање на храна да може да се избегне, бидејќи тоа значи дека нешто можеме да преземеме, изјави Дави Ванхам од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија. Голем дел од храната е уште добар, но се фрла по истекот на рокот на употреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП