29 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNexbit: Ветерани од Apple и Google ќе претстават нов телефон

Nexbit: Ветерани од Apple и Google ќе претстават нов телефон

next now

„Nexbit“, компанија која ја водат поранешни вработени во „Google“, „Apple“, „Amazon“ и „HTC“, има во план да го претстави својот прв „Android“ смартфон на 1-ви септември.

Во интервју за „CNET“ претставници на компанијата изјавија дека уредот ќе има цена помеѓу 300 и 400 долари.

„Вашиот телефон со текот на времето ќе функционира се подобро поради константното подобрување на софтверот“, беше соопштено од компанијата.

Шефот на технолошкото одделение Мајк Чен, некогашен член на „Android“ тимот, вели дека вработените во „Nexbit“ се насочени кон тоа „уредот да го прилагодат на корисникот“. Не е прецизирано што точно се подразбира под тоа.

Претходните информации сугерираа дека „Nexbit“ ќе вклучува специјален софтвер кој ќе му овозможува на корисникот да ја сочува апликација во било која форма и да може да ја сподели на други уреди.

Компанијата ќе мора да стори многу повеќе од едноставното копирање на постоечките можности кај смартфоните со цел да ги импресионира купувачите на се поконкурентниот пазар.

„HTC“ станува речиси занемарлив, профитот на „Samsung“ опаѓа, „OnePlus“ започна да нуди се повеќе опции за се помалку пари, а кинеските компании како „Huawei“, „Xiaomi“ и „ZTE“ стануваат се порамноправни во трката за купувачи.

Сепак, во оваа компанија велат дека се самоуверени.

„Заморот на пазарот на телефони е реален. Затоа ние работиме на нешто многу поразлично“, тврди извршниот директор на „Nexbit“, Том Мос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП