Корејската компанија „Hyundai“ покажа како ќе изгледаат нејзините идните автомобили од класата „премиум“. Тоа се случи на настан кој беше затворен за медиумите во Лос Анџелес, на кој беше претставен концептот купе „Vision G“.
Премиерата на моделот пред публика ќе се одржи на конкурсот за елеганција во „Pebble Beach Concours d’Elegance“ на 16-ти август. Лично главниот дизајнер на „Hyundai“ и „Kia“, Петер Шрајер им раскажа на специјалните гости на презентацијата детали за возилото.
Дизајнот на каросеријата е дело на студиото на компанијата во САД, главната идеја била да се создаде автомобил кој лесно може да биде забележан и одделен од останатите. Истовремено, тој не треба да изгледа премногу бесрамно, дополнува Шрајер.
Срцето на „Vision G Coupe Concept“ е 5,0-литарски V8 мотор на „Hyundai“, кој развива моќност од 420 КС и 383 Nm вртежен момент. Истиот агрегат е познат од моделите „Equus“ и „Genesis“. Со него ќе биде опремена и верзијата купе на „Genesis“, која наскоро се очекува да излезе на пазарот.