17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo работи на нова генерација компактни автомобили

Volvo работи на нова генерација компактни автомобили

vv geely

Познатиот производител на премиум автомобили во Шведска стартува со развој на семејни компактни модели наменети за европскиот пазар, дознава „Autocar“.

Сопственикот на марката „Volvo“, кинески „Geely“, oтвори во Гетебург нов проектен центар „China Euro Vehicle Technology“ (CEVT), наменет за развој на автомобили од т.н. „C“ сегмент.

„CEVT“, на чело со Матс Фегерхаг, инженер кој е заслужен за настанувањето на платформата „Phoenix“ на „Saab“, ќе биде местото каде ќе се обликуваат новите „Volvo“ возила во класата на „VW Golf“, кросоверот „XC40“, како и наследникот на актуелниот „V40“.

Во центарот ќе се развиваат и модели на „Geely“ кои ќе бидат наменети како за кинескиот, така и за европскиот пазар.

Новите „Volvo“ модели ќе бидат засновани на модуларната платформа која ќе овозможи производство на повеќе возила со различна должина, ширина, висина и меѓуосовинско растојание.

Се уште не е познато кога првите модели ќе бидат подготвени за сериско производство, но се претпоставува дека од нив не делат најмалку две ипол години, што значи дека во продажните салони можеме да ги очекуваме дури во 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП