25 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНорвешкиот софтвер Opera оди на продажба

Норвешкиот софтвер Opera оди на продажба

opera 333

Норвешката компанија „Opera“, издавач на истоимениот веб навигатор и компанијата специјализирана за онлајн реклами, најави своја продажба, бидејќи имала тежок втор квартал кој ја принудил да ги намали целите за целата година.

Потрагата за купувач или други „облак“ партнерства, откако одредени страни изразија интерес за „Operа“ и ќе биде објавена со посредување со консултантските компании „MSI“ (Morgan Stanley International) и „ABG SC“ (Sundal Collier), беше во објавено во соопштението на норвешката компанија.

„Opera“ прелиминарно објави дека во вториот квартал од оваа година забележала приход со пораст од 45 отсто во однос на истиот период од 2014-та година или 146 милиони долари (133 милиони евра).

Аналитичарите предвидуваа во просек раст од 51 процент.

Според прелиминарните бројки, бруто оперативниот профит (Ebitda) во вториот квартал изнесувал 29 милиони долари, додека аналитичарите предвидувале дека ќе биде 30,6 милиони долари.

„Opera“ како пример за слабите показатели од очекуваните ги наведе слабите резултати од своето работење во секторот за реклами наменет за мобилните уреди.

Компанијата сега смета на приход во 2015-та година од 600 до 618 милиони долари, наместо претходно предвидените 630 и 650 милиони долари.

Норвешката компанија исто така сега очекува „Ebitda“ на годишно ниво од 108 до 118 милиони долари, додека претходно беше 130 и 140 милиони долари, а предвидувањата на аналитичарите 124 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП