26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОткажани се околу 500 утрешни летови на „Луфтханза“

Откажани се околу 500 утрешни летови на „Луфтханза“

lufthansa-otkazani

Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ откажа околу 500 летови на линии низ Европа, кои беа планирани за утре, поради најавениот еднодневен штрајк на вработените во компанијата.

Синдикатот на персоналот на „Луфтханза“ – Верди, го организра утрешниот шрајк како мерка на притисок врз раководството на компанијата во пресрет на новиот круг преговори за зголемување на платите на вработените.

Верди соопшти дека кон штрајкот ќе се приклучат вработените на „Луфтханза“ на повеќето германски аеродроми, меѓу кои и оние во Франкфурт, Берлин, Хамбург и Минхен.

Штрајкот се организра пред преговорите меѓу раководството на „Луфтханза“ и Верди, закажани за в петок, на кои ќе стане збор за барањето на синдикатот за зголемување на платите на околу 33.000 вработени во компанијата за 5,2 проценти од 2014 година.

Од друга страна, раководството на „Луфтханза“ е против ваквата идеја и предлага замрзнување на платите до јануари 2015 година и продолжување на работната недела за уште еден час, како мерки за намалување на трошоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП